Правете го ова „заради здравје“

Бакнежите нè поврзуваат со партнерот, а  во најновити истражување се наведува  дека од него имаме и здравствени придобивки. Дефинитивно бакнувањето го подобрува имунитетот, помага во согорувањето калории и ослободува од стресот.

Ново истражување, објавено во Medical Hypotheses, покажува дека бакнувањето може да го подобри имунитетот при одбрана од цитомегаловирус кој може да предизвика слепило кај децата и други дефекти при раѓањето.

Со бакнувањето може да согорите од две до шест калории во минута. Ако се бакнувате еден час ќе потрошите калории доволно да согорите чаша вино, пишува Reader’s Digest. Страсното бакнување е добро за оралното здравје. Со бакнувањето делите добри микроби, па доколку оралните микроби не се здрави и разновидни, размената со партнерот кој има здрави микроби ќе помогне во подобрување на оралното здравје.

Кога се бакнувате користите дури 30 мускули, па доколку тоа го правите често со бакнување може да ги затегнете мускулите на лицето. Бакнувањето е одлично и за релаксирање со оглед на тоа што се зголемува нивото на окситоцин и ендорфин, но и на допамин кој помага во развивањето чувство на приврзаност кон партнерот.

Бакнувањето помага и во ослободување од стресот, бидејќи е поврзано со намалено ниво на кортизол, хормонот на стрес. Бакнувањето може да го зголеми нивото на серотонин, кој доведува до чувство на смиреност и на задоволство.

Бакнувањето ги намалува болките предизвикани од главоболка, менструални грчеви и го снижува крвниот притисок. Научниците откриле дека бакнувањето ги намалува, односно ублажува алергиските реакции

Коментари

Популарно