Откриен МОНСТРУМОТ кој го запали кучето!

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен во полиција.

Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ велат дека полицијата направила увид на местото каде е пронајдено запаленото тело од кучето.

„Согласно податоците кои ги обезбедивме, знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат од „Анима мунди“.

За случајот се дозна од социјалните мрежи, кога жител на Стојаково јавно објави фотографии. Пред да биде запалено со бензин, маалското куче било измачувано и тепано со вила.

Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат и вакви свирепи убиства.

Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

Коментари

Популарно