Откриен МОНСТРУМОТ кој го запали кучето!

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен во полиција.

Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ велат дека полицијата направила увид на местото каде е пронајдено запаленото тело од кучето.

„Согласно податоците кои ги обезбедивме, знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат од „Анима мунди“.

За случајот се дозна од социјалните мрежи, кога жител на Стојаково јавно објави фотографии. Пред да биде запалено со бензин, маалското куче било измачувано и тепано со вила.

Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат и вакви свирепи убиства.

Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.

(ВИДЕО) Кравата му се отелувала па веднаш отрчал во штала: Иван не очекувал дека неговата Елза ќе биде една во 100.000

Неодамна крава отелила три телиња што самото по себе е реткост бидејќи најчесто се отелува само по едно теле. А кога ќе се отелат четири телиња, тоа е веќе чудо над чудата.

Ветеринарите велат дека во 10.000 случаи се отелува тројка, а веројатноста кравата да отели четири телиња е еден во 100.000, пренесува замедиа.рс.

На фармата на Иван Фановиќ во Зајачар пред неколку денови неговата Елза отелила дури четири телиња.

Погледнете ја оваа приказна:

ФОТО: Радост во скопската ЗОО - се родија бебиња пингвини

Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека „Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини“.

„Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември.

Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема реткост во поголемиот број зоолошки, но и во природата. Да ни се живи и здрави“, велат тие во објавата.

Најстарата дива птица во светот на 74 години си најде партнер

Во 1956 година, научниците од американското Национална служба за диви животни на Мидвеј Атол - остров во Тихиот Океан којшто служи како живеалиште за птици албатроси, забележале женка како се гнезди во таа област. Потоа ѝ ставиле ознака на ногата за да ја следат. Овој вид почнува да се размножува на возраст од околу пет години, па научниците претпоставиле дека таа птица е родена околу 1950 година. Ја нарекле Виздом (Мудрост).

Според научните проценки, таа единка сега има 74 години и се смета за најстарата дива птица во светот. Досега извела дури 60 јајца, а последниве четири години, Виздом мистериозно останала и без својот долгогодишен партнер, па и не несела јајца.

Но, оваа година, набљудувачите открија дека Виздом нашла нов партнер.

„Таа повторно го направи тоа. Најстарата позната дива птица во светот, Виздом има нов партнер и само што снесе уште едно јајце“, соопшти американската служба.

Атолот Мидвеј се наоѓа северозападно од Хаваите, и е дом и засолниште на илјадници морски птици коишто тука доаѓаат да ги снесат своите јајца. Благодарение на проектите за заштита, оваа област нуди безбедно засолниште за Виздом и многу други птици како неа.

Популарно