Кирацовски: Случајот „Рекет“ е олицетворение на рекет-културата на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Во интервју за Фактор.мк, Александар Кирацовски, поранешниот генерален секретар на СДСМ, зборуваше на повеќе теми. Секако, најактуелна во моментов е истарагата за случајот „Рекет“. Еве што вели на таа тема битолчанецот:

Случајот „Рекет“ во најмала рака е шокантен, но за да така лесно се случува пред „очите“ на надлежните институции, сметам дека е олицетворение на рекет-културата којашто како лоша практика се создаде за време на (над)децениското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, нефункционалноста и разјаденоста на најважните институции во државата како и шпекулативното наместо истражувачко новинарство зачинето со лажни вести кои повеќе и штетат на истрагата отколку што и користат. Но, овој случај, во мошне значаен период доаѓа како тест за функционирањето на правосудниот систем, органите на прогон и владеењето на правото и правната држава, со чие решавање или ќе се загуби или ќе се зацврсти довербата на граѓаните. Јас сум убеден дека ќе бидеме сведоци на второто. На голем дел од јавноста им е чудно, а опозицијата е збуната што оваа власт, за разлика од претходната, не го штити криминалот, не ја гае корупцијата и не рекетира, туку ги лови криминалците, корумпираните и рекетарите, независно кои се. Сметам дека истрагата ќе стави крај на шпекулациите, озборувањата, претпоставките и предрасудите кои се развиваат тогаш кога не се делува. Кон СЈО не смее да се гледа низ призмата на поецинец, независно кој е (иако досега немаме официјална потврда за кого се работи), туку како кон институција во која сите првенствено имаме положено надеж, верба и државни ресурси, нешто во кое сум убеден дека малкумина се подготвени да потфрлат.

За случајот „Рекет“ очекувам и верувам дека ќе бидеме сведоци на една сеопфатна, транспарентна, длабинска, во разумен рок и до крај спроведена истрага, каде сторителите на кривични дела ќе бидат изведени пред лицето на правдата и низ непристрасен и праведен судски процес, секој ќе добие заслужена казна, за правдата да биде задоволена. Мислам дека токму преку овој случај ќе се потврди борбата против криминалот и корупцијата што ќе биде ветер во грб на општествената заложба за искоренување на ова зло и обврска до срж да се спроведат истрагите од овој тип.

Целото интервју со клик ТУКА

Коментари

Популарно