Сопругата на Шабан Шаулиќ едвај остана на нозе плачејќи на цел глас

Денеска се навршуваат шест месеци од смртта на кралот на народната музика Шабан Шаулиќ. Пејачот загина во сообраќајна несреќа во Германија кога во неговиот автомобил удри пијан возач. На поменот присуствуваа неговата сопруга Гордана, трите негови деца, пријатели и многу роднини.

Неутешната негова сопруга остави и венец на неговиот гроб со посвета.

- Со љубов твоја Гоца, гласеше пораката на венецот.

Таа инаку целото време беше во солзи и видно потресена се придружуваше до својот син.

Коментари

Популарно