Судијката која му судеше на премиерот Зоран Заев за случајот Поткуп, ќе го води судењето за трагедијата кај Ласкарци на 5 септември годинава.
Диана Груевски Илиевска која му беше заменичка на кспретседателот на Судот Владимир Панчевски и кратко го судеше и Заев, ќе го води рочиштето за автобусот на Дурмо Турс кој излета од патот, а за што има обвинение против вработен во фирмата, возачот и уште три лица, пренесе А1.он.
Загинаа 16 лица, 38 беа повредени.