Ужасна трагедија во угледно семејство од Шабац

Студент на психологија, 20-годишниот Богдан Гајиќ до смрт го претепал постариот брат, 24-годишниот Игњат, а обидот да го прикрие злосторството и да се ослободи од телото го откриле полицајците.

Богдан Гајиќ е уапсен во Шабац поради сомнение дека во семејната куќа го убил својот постар брат со удирање боксови во глава. Момчето било затекнато на улица како мртвиот брат го вози во мајсторкса количка со намера да го закопа.

Како што пишуваат српските медиуми, морничавото братоубиство е откриено кога полициска патрола го пресретнала Гајиќ на улица.

Соседите за ова семејство зборуваат се најдобро и шокирани се од она што се случило.

-Тоа беа прекрасни деца, само тоа можам да ви кажам. Не можам да верувам што се случило и како - рекла сосетка за Курир.рс

Момчето кое си го убило братот студирало психологија, а бил еден од најдобрите ученици во уметничкото училиште во Шабац.

-Он беше посебно дете. Беше мирен,  исклучително интелигентен. Слушнав дека запишал факултет и дека на  приемниот испит бил брилијантен. Не можам да верувам што се случило. Не знам што го натерало да крене рака својот брат, а и тој постариот беше многу повисок и покрупен. Како воопшто е можно да госовлада и убие - се пршуваат сопседите.

Богдан и Игњат се синови на угледен професор, сликарот Петар Гајиќ. Покрај нив двајца, Гајиќ има и помлад син, кој во моментот на злосторството не бил дома. Семејството Гајиќ надалеку е познато во Шабац, а наводно е во роднински врски и со познатиот српски сликар Милиќ од Мачве.

Коментари

Популарно