Сузана Спасовска спрема свадба за ќерката

Фолк -пејачката Сузана Спасовска на големо се подготвува за свадбата на ќерка и Теона. Таа, вели дека сега откако завшил Лешочкиот фестивал, конечно може да се препушти на обврските околу свадбата.

„Е, да. Полека,полека си се спремаме за свадба. Има уште време. Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест „Среќо мајкина“-напиша Сузана Спасовска на својот Фејсбук профил. За потсетување, Теона ќе се мажи со долгогодишното момче Виктор Велковски, кој ја побара за жена на нејзиниот роденден.

„ Јас верувам во љубовта и сметам дека таа е најголемиот двигател на се во светот, а така и јас ја воспитував ќерка ми. Мене како горда мајка ми останува да им поскам да се среќни и вечни, да се љубат да имаат дечиња кои ќе им ја радуваат куќата, а и нас најблиските“, раскажа Сузана тогаш за „Репортер“.

Коментари

Популарно