Се огласи таткото на бебето кое беше фрлено во контејнер замотано во кеса во Белград

„Го сакал тоа бебе, а таа го излажала дека го абортирала“ раскажала другарка на на 33- годишната мајка која вопонеделникот  своето штотукуродено бебе го замотала во најлонска кеса и го фрлила во контејнер во Белград.

Таа тврди дека таткото на бебето дознал што направила, па сака да си го земем бебето.

Никој од семејството на мајката Мирјана не забележал дека е бремена, а таа го криела тоа, вклучувајќи го и нејзиниот татко со кој живее, но и таткото на бебето.

Нејзината дугарка вели дека таа му се јавила и му кажала што се случило, а сега таткото сака да се грижи за бебето.

- Го сакаше тоа дете, но таа го излажа дека го абортирала, тој и се налути и ја прекинаа врската- рекла Видослава.

Таа вели и дека тој сака да направи и ДНК анализа да се утврди дека детето е негово.

Ова е нејзино второ дете, а таа се породила сама во станот каде што живеела додека нејзиниот татко и постар син спиеле.

Коментари

Популарно