Од октомври лекови на рецепт само лично со лична карта

Осигурените лица од 1. октомври годинава ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош), соопштија вчера од Фондот за здравство.

До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.

Тоа би значело дека болните ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Коментари

Популарно