Боки 13 ја напушти Шутка

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски познат како Боки 13 утринава повторно бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пишува Курир.

Според  информации  на медиумот на Јовановски му биле извршени испитување и снимања на абдоменот, по што бил вратен во затворот Шутка.

Јовановски во Клиника беше и на 5-ти месецов поради болки во стомакот. Тогаш директорот на Торако-васкуларната клиника, Неџати Јакупи, изјави дека здравствените проблеми на Боки 13 се резултат на претходни хируршки зафати.

Во истрагата „Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева. Второосомничен е Зоран Милески – Кичеец.

Коментари

Популарно