Искористете ги уште малку овие пријатно топли ЛЕТНИ денови

Пријатно топлите летни септемвриски денови, според најновите анализи, нема уште многу долго да се задржат кај нас, односно ќе останат некаде до средината од следната недела.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, додека во најтоплите делови од државава, следните денови се очекува да се искачат до околу 35 степени.

Поради ваквата ситуација, љубилетиле на освежувањето, особено најхрабрите, имаат уште малку време да уживаат во реките и во езерата низ Македонија.

Веќе од средината на следната недела, или поточно некаде од во текот на ноќта среда кон четврток, под влијание на позначително посвежа воздушна маса, очекуваме позначителен прад на температурите на воздухот, како на утринските така и на максималкните дневни.

Сепак, дополнителни и по потреба обновени информации околу ова сценарио следуваат наскоро, а до тогаш уживајте во пријатното лето есенско време.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Коментари

Популарно