ВИДЕО: Кукиќ објави видео од пред 23 години

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, победата ја однесоа двајца Македонци, односно Ленче Кукиќ победи по гласовите на „Фејсбук“ и гласовите на жирито,  Бејхан Рамов победи од гласовите на публиката, а жирито ја нарече македонската Адел.

Иако сите ја знаеме како изгледаше на гламурозната сцена во „Гранд“, Кукиќ деновиве сподели видео старо 23 години каде на фестивал ја пее песната „Барам место на естрадата“.

Со некој килограм помалку и во фолклорена носиа, вака изгледаше Кукиќ пред 23 години.

Погледнете ја: 

Коментари

Популарно