Од страна на Институтот за развој на електронските комуникации ИНРЕКОМ Скопје, беше спроведено истражување дали Македонија ќе добие трет мобилен оператор, а граѓаните поголем избор кој ќе донесе и пониски цени.
Ова прашање минатата недела беше повторно актуелизирано од страна на министерот Манчевски кој рече дека земјава нуди поволни услови за „нов играч“ на пазарот.
 - Copy 9.jpg)
По тој повод ИНРЕКОМ анализира: Зошто Македонија е единствената земја во регионот која располага со само два мрежни мобилни оператори?
Ги споредивме ставовите на Владата, А1 и АЕК. Ги споредивме и бројките во регионот.
Праксата во минатото покажува дека заинтересираност за инвестиција од страна на странски компании има, но изостанува реализација.
Целосната анализа погледнете ја https://inrekom.org.mk/wp-content/uploads/2019/09/analiza-za-tret-mrezhen-mobilen-operator-vo-makedonija-dali-i-koga-1.pdf