Видео: Како „треба“ да реагирате кога има земјотрес?

Според информациите на Светската сеизмичка операција епицентарот на денешниот земјотресот бил во Драч Албанија, во Јадранското море. Земјотресот беше со јачина според Рихтерова магнитуда од 5.8 и е почуствуван на теторија на Република Македонија.

Денешниот земјотрес беше најблиску до Албанија и предизвика вистинска вознемиреност кај граѓаните на западниот сосед, а истиот од самата јачина беше почуствуван и во Македонија.

Земјотресот вистинска паника предизвика во Тирана, при што ги натера жителите на градот да ги напуштат своите домови и да излезат надвор. Според Сезмолошката опсервација, во наредниот период се очекуваат и нови потреси.

Инаку, земјотресот беше почуствуван во цела Албанија, па и речиси во цела Македонија, така што при известувањето на една водителка на една албанска национална телевизија се случи вториот и посилен потрес со што се вознемири и самата водителка.

Нејзината реакција можете да ја погледнете подолу во видеото:

Коментари

Популарно