Видео: Како „треба“ да реагирате кога има земјотрес?

Според информациите на Светската сеизмичка операција епицентарот на денешниот земјотресот бил во Драч Албанија, во Јадранското море. Земјотресот беше со јачина според Рихтерова магнитуда од 5.8 и е почуствуван на теторија на Република Македонија.

Денешниот земјотрес беше најблиску до Албанија и предизвика вистинска вознемиреност кај граѓаните на западниот сосед, а истиот од самата јачина беше почуствуван и во Македонија.

Земјотресот вистинска паника предизвика во Тирана, при што ги натера жителите на градот да ги напуштат своите домови и да излезат надвор. Според Сезмолошката опсервација, во наредниот период се очекуваат и нови потреси.

Инаку, земјотресот беше почуствуван во цела Албанија, па и речиси во цела Македонија, така што при известувањето на една водителка на една албанска национална телевизија се случи вториот и посилен потрес со што се вознемири и самата водителка.

Нејзината реакција можете да ја погледнете подолу во видеото:

Викторија Бекам се откажа од својот Јутјуб канал

Поранешната членка на групата Спајс Грлс и сопругата на Дејвид Бекам, Викторија Бекам, се откажала од својот Јутјуб канал, бидејќи на него не заработувала доволно пари.

Таа на својот канал заработувала само 30 долари дневно иако имала околу 100.000 претплатници и преку 600.000 илјади прегледи на најпопуларната видео снимка. И покрај популарноста не успеала да заработи толку колку што вложила во снимањето на видео-спотовите.

Таа на својот канал споделувала совети за убавина со нејзините фанови.

„Беше невозможно да се заработи од каналот и донесе одлука да се повлече. Иако уживаше во снимањето на видео-спотовите, трошоците за жал беа поголеми од заработката и се откажа“, рекол извор близок на Викторија.

Меѓутоа, од нејзиниот тим рекле дека каналот не е исклучен, туку дека Викторија нема многу време за да работи на него. Во август „Бизнис инсајдер“ објавија дека некои јутјубери изгубиле илјадници долари.

Баварскиот производител на инструменти Карл Хофнер покрена глобална потрага по гитарата на Пол Макартни

Баварскиот производител на инструменти Карл Хофнер покрена глобална потрага по инструментот на Пол Макартни, откако исчезна една негова гитара пред повеќе од 50 години.

Леворакиот басист на една од најголемите музички групи на сите времиња Битлс, бас гитарата Хофнер 500/1 ја купил во 1961 година во продавница во Хамбург. Макартни на неа свирел две години и на првите два албума на Битлси.

– Гитарата најверојатно е украдена. Ја нема повеќе од 50 години. Сега дојде време да ја пронајдеме, изјави Ник Вас од фирмата Хофнер.

Најголеми заводнички во Зодијакот

Еве кои четири хороскопски знаци важат за најголемите заводнички во Зодијакот.

Овен

Жените родени во овој хороскопски знак сакаат да победуваат. Кога посакуваат некој маж, нема да дозволат некоја друга жена да го освои.

Лав

Лавиците здрачат со самодоверба и секогаш се подготвени за акција. Каде и да се појават, привлекуваат внимание. Нема маж кој нема да „одлепи“ по нив. Во љубовта се подготвени да дадат сè.

Скорпија

Скорпиите се безобразни кога треба да бидат, а фини и нежни кога ќе проценат дека така е правилно. Тие нема да ви ветат нешто што нема да го исполнат.

Рак

Раковите имаат сосема друга тактика и се опасни задоводнички. Мажот може да зборува за сите свои стравови, желби, успеси и падови со неа, а таа ќе слуша, ќе покаже разбирање и така ќе се смести во неговото срце.

Популарно