Блејк Лајвли: „Кога би можела би имала триесет деца!“

Актерката Блејк Лајвли го роди своето трето дете пред два месеци, пишуваат странските медиуми. Актерката и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс успеаја да ги задржат информациите за раѓање во целосна тајност и засега не е познато дали добиле девојче или момче.

Блејк ја сподели веста за бременоста со светот на почетокот на мај на премиерата на филм каде го покажа трудничкото стомаче.

Фановите на славната актерска двојка очекуваат Рајан и Блејк наскоро да го објават полот на бебето и неговото име.

Блејк и Рајан се во брак од 2012 година и се едни од најомилените парови во Холивуд. Тие имаат две ќерки. Актерката зборуваше за родителството во интервју пред неколку години и рече дека ќе има триесет деца ако може.

Коментари

Популарно