Фаталната Кристина повеќе нема да продава мандарини - загрепчанката ги откри своите планови за иднината

Минатата недела дознавме за продавачката Кристина Пенава и нејзината рекордна продажба овошје на штандот во Бестовија, покрај Загреб. Во центарот на се, беа нејзините атрибути, а откако за неа се прочу и во регионот - одлучи да даде отказ.

„Дадов отказ на тезгата на која продавав мандарини затоа што сега подготвувам нешто големо и невидено на овие простори. Наскоро ќе дознаете се, уште не можам да откривам“, рекла таа за Блиц, па открила што мисли за вниманието кое овие денови го добива во Хрватска и Србија.

„Не се надевав на волкаво медиумско внимание, не ми беше тоа целта, но ми е драго што луѓето го препознаваат мојот труд и работа. Од социјалните мрежи не заработувам. Од што заработувам и како живеам се интимни прашања на кои нема да одговорам“, рекла Кристина Мандарина.

Открила дека нема да влезе во реално шоу.

„Ми пристигнуваат понуди за реални шоуа. Сепак, засега не ми е тоа во план“, навела таа.

„Среќно сум заљубена. Имам партнер кој е секогаш со мене, но не сакам медиумски да го експонирам“, рекла атрактивната Хрватка, која преку ноќ стана главна тема во јавноста, па многумина коментирале дека се појавила „нова старлета“.

Коментари

Популарно