Кој е изборот на Зоран Заев за премиер на техничката влада?

Според ТВ Алфа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најверојатно е изборот на Зоран Заев за премиер на техничката влада доколку лидерите постигнат договор за брзи предвремени избори.

Премиерот Заев вети дека ќе ги почитува законските процедури кои предвидуваат Пржинска влада која ќе трае 100 дена. Според законот донесен во 2016 година, Заев ќе треба да замине од челната позиција во Владата и да назначи технички премиер

Доколку лидерите на политичките партии усогласат брзи избори тие најрано би можеле да се одржат на 8 февруари 2020 година, а техничката влада да се избере за една недела односно на 28 октомври.

Оливер Спасовски е роден на 21 октомври 1976 во Куманово, а фунлцијата министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја извршува во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино. Тој повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев.

На парламентарните избори во 2016 година бил носител на листа во изборна единица 2, предводена од коалицијата на СДСМ.

Коментари

Популарно