Ѓоко Поповски осуден на девет години казна затвор

Добрила Кацарска го осуди правосилно на деветгодишна казна затвор Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер за внатрешни работи во случајот „Триста“ на поранешното СЈО за злоупотреба на службената положба. Поповски треба да ги надомести и судските трошоци, вештачења и проценки.Штетата што треба да ја надомести кон МВР е безмалку 29 милиони денари.

Поповски бил овластен од Гордана Јанкулоска, тогашната министерка за внатрешни работи, да ги спроведува постапките за јавни набавки  Одлуката за јавна набавка ја донел за 300 патнички моторни возила во 2012. Во оглас за јавна набавка како критериум е наведена економски најповолна понуда, е било предвидено тендерот да го добие операторот со најповолна понуда, но тендерот бил манипулиран така што за набавка на патнички моторни возила добивале и петорангираните, четврторангираните и треторангирани понудувачи.

Набавката била поделена во три лота, а 11 оператори доставиле понуда. Комисијата наместо да изврши избор на економски најповолни понуда, во самиот тек на постапката ги изменила критериумите за јавни набавки. Еднаш утврден, критериумот не смее да се менува за цело време на јавната набавка, наведе Кацарска. Таа наведе дека Поповски не смеел да ја прифати одлуката на комисијата за јавни набавки и не можел да не знае за штетните последици.

Кривичниот суд во Скопје во мај минатата година првостепено го осуди Поповски на  9 години ефективна казна за поранешниот помошник министер во МВР.

Коментари

Популарно