ФОТО: За нивниот изглед зборуваа сите

Тенисерот Рафаел Надал и неговата долгогодишна девојка Мариа Франциска Чиска Парељо стапија во брак завчера во Мајорка на еден од најскапите имотив во Шпанија.

На свадбата која беше најавувана со месеци, меѓу најзабележителните гости ил кралот на Шпанија, Хуан Карлос Први. Иако се најавувало дека на церемонијата ќе дојде со хеликоптер, тој дошол со автомобил, со силно обезбедување.

Шпанскиот тенисер Фелисијано Лопез бил беспрекорно облечен токму како и неговата сопруга Сандра Гего, која била во цветен фустан и изгледала женствено.

Сандра и Лопез се „свежи младенци“ затоа што се венчале пред само еден месец. Меѓу гостите бил и шпанскиот тенисер Давид Ферер, кој се појавил со сопругата Марта Торнел.

Марта е позната по лежерниот стил на облекување, но за свадбата добро се подготвила.

Запазени биле и аргентснскиот поранешен тенисер Хуан Монако, кој се појавил во популарните лежерни чевли, кои повеќето мажи ги носат, нокои не се по вкус на сите жени.

Неговата девојка Диани Арнопулус дошла во долг фустан со животински принт.

Новак Ѓоковиќ не бил повикан на свадбата, а Роџер Федерер кој е во добри односи со Надал не можел да дојде на свадбата.

Коментари

Популарно