Фото: Љубовта цвета: Марјана Станојковска на ручек со семејството на Пеце Наумовски

Кога сте јавна линност ретко може да го сокриете приватниот живот од очите на јавноста, меѓутоа на македонската водителка Марјана Станојковска тоа одлично и оди.

Марјана одлично го крие својот љубовен живот, па многумина можеби се запрашале дали е сама или има партнер.

Иако на јавните случувања може да ја видиме сама односно без парнтер, водителката на „Лото“ неколку години има машка поддршка. Тие се запознале на забава кај заеднички пријател и оттогаш започнале љубовна врска. Парот со години се гледал во приватни вили и хотели, заедно оделе на одмор кај нашиот јужен сосед каде што Пеце има јахта, а во ресторани само се појавувале со пријатели.

Денес во еден познат скопски ресторан екипата на „Слободен печат’ ги „уловила“ познатата лото девојка Марјана Станојковска и поранешниот кошаркар Пеце Наумовски. Очигледо е дека тие повеќе не ја кријат својата врска од јавноста.

Од друга страна се шпекулира дека Станојковска е бремена, па и наскоро ќе се реализира во улога на мајка. Овие информации не се потврдени, а дали навистина е така времето ќе покаже.

Дека врската е повеќе од сериозна говори и фактот дека тие биле во друштво на најблиското семејство на Пеце.

Тие уживаа во специјалитетите од риба и морската храна. Ги уловивме на заминување, погледнете ги фотките:

Извор -убавина и здравје.мк

Коментари

Популарно