ВИДЕО: Водителка сред дневник „прснала” од смеа

Метеорологот Џордан Вицел решил да се пошегува, па се појавил пред картата облечен како еднорог кој го нарекол Фердинанд, водителката на „Global Calgary” „прснала” од смеа и не можела да се соземе и покрај тоа што била пред камерите.

Сцената на воодушевување на многубројните гледачи се одвивала на Ноќта на вештерките, а снимката на Јутјуб досега е прегледана над два милиони пати. 

„Што се случува тука? Што е тоа што го носиш”, прашала една од водителките, а другата хистерично се смеела поради опуштениот метеоролог кој се однесувал како да е облечен како и секој друг ден.

„Денеска не се ни избричив, сметав дека тоа ќе придонесе кон целата работа”, рекол Вицел. Инаку, ова не е првпат тој да се појави во костим на работа и да ги насмее своите колеги.

Коментари

Популарно