Нема да верувате што било пронајдено во нејзината..

Исчезнатиот шкотски турист се верува дека е мртов откако му била пронајдена раката во утробата на една  ајкула.

Четириесет и четиригодишниот  Шкотски државјанин последен пат бил виден во текот на викендот додека нуркал во близина на францускиот остров Реунион во близина на Мадагаскар. Тој, наводно, бил на седумдневен одмор со сопругата во  Saint-Gillesu. 

Неговата рака на која е пронајден прстенот е пронајдена во утробата на ајкулата која била фатена за истражувачки цели. 

Локалниот жител Ерик Квикеје изјавил за БиБиСи дека човекот отишол на пливање и никогаш не се вратил. 

"Тоа е дел што е затворен од гребен. Таму има многу мал премин, но сè е прилично добро заштитено. Неговата сопруга беше многу исплашена, хеликоптерите, авионите, нуркачи и чамците го бараа неколку дена. На крајот, после  неколку дена подоцна била фатена ајкула во чија утроба е пронајдена раката “, рече Квикејеу.

Тој додаде дека плажите биле добро обележани и туристите биле предупредувани за ајкули веднаш штом пристигнале на аеродромите. 

„Нападите на ајкули се вообичаени, ние сме свесни за тоа и не се обидуваме да го скриеме. Беа поставени предупредувачки знаци на сите плажи дека не може да се плива“, рече жителот. 

Ајкулата е пронајдена на 7 км од местото каде последен пат е видено мажот. Сè уште не е познато дали тој се удавил или ајкулата  го нападнала. Два фатални напади на ајкули се пријавени во близина на островот Реунион оваа година. 

Властите забранија пливање и спортови на вода на скоро сите плажи по нападот на ајкула во 2013 година. Францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец рече дека би сакал да види враќање во спортови на вода до 2022 година, но дека сака да се осигура дека сè е безбедно.

Коментари

Популарно