Видео: Кривичен суд одлучи – Ќе има судење за „Рекет“

 На Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски ќе им се суди за обвинението од Вилма Русковска, ова е конечната одлука од Кривичен суд.

Советот за оценка на обвинителни акти на затворена седница без присуство на адвокатите ги отфрли нивните приговори и констатира дека се неосновани. Според информациите предметот ќе биде распределен кај судија и се очекува наскоро да се закаже првото рочиште каде што тројцата за првпат ќе дадат исказ, а на оваа одлука на судот, обвинетите немаат право на жалба.

„Приговорите на осомничените се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Против ова решение, согласно одредбите до ЗКП, не се дозволува право на жалба“, велат од Кривичен Суд.

Според доказите на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција тројцата се вмешани во рекетирање на бизнисменот Орце Камчев кој е обвинет во предметот Империја на СЈО. Боки 13 е првоосомничен бидејќи преку пријателството со Јанева успеал да изнуди пари, поранешната специјална јавна обвинителка ја злоупотребила службената положба и се води како второобвинета, а Зоки Кичеец бил посредник на зделката. Во меѓувреме продолжува истрагата и за поврзаноста на Меѓународниот сојуз на Јовановски, за што во домашен притвор е директорката Јасна Мандиќ, а осомничени се уште неколку лица меѓу кои се најде и потпретседателката на Собранието Фросина Ременски.

Коментари

Популарно