Видео: Многумина заплакаа кога го видоа ова

Деновиве на Азри Дедиќ, шампион на Европа во ИД Џудо, и беше исполнета животната желба - во Сараево  таа се запозна со Марија Шерифовиќ. Имено, откако пејачката слушнала за желбата на Азра, таа пристигна во главниот град на Босна и Херцеговина.

„Слушнав дека има една девојка по име Азра која сакаше да ме запознае. Гледав во неколку нејзини интервјуа и само еден мал детаљ беше доволен да донесам одлука дека без сомнение ќе ги одложам сите мои обврски и ќе дојдам во Сараево да ја видам. Во едно од интервјуата, таа рече дека се гледа себеси и се доживува како супер херој. Сите знаете дека сум дете во душата, затоа знаев веднаш дека мора да биде некој посебен. И јас бев во право - ова е девојка која има Даунов синдром, но тоа е помалку важно во оваа приказна. Она што е важно е фактот дека таа сака јас да го видам Европскиот шампион во џудо и дека ова е единственото нешто што го сака во животот. Што друго можам да кажам освен дека тоа е огромна чест за мене. Азра  од сите нас е двојно подобра, двојно похрабра, двојно поуспешна, двојно попаметна, двојно поемотивна. И најважно од сè - не  ги заборавајте овие луѓе , супер хероите што ги имаме низ целиот Балкан. Сепак, не заборавајте дека некаде таму, благодарение на нив, беше интонирана химната на вашата земја. Што се однесува до мене лично, од денес па натаму Азра имате пријател до крајот на животот, џудо  сојузот секогаш може да смета и на мојата помош - рече Марија.

Се разбира, средбата не можеше да помине без песна. Марија ја праша Азра која е нејзината омилена, па заедно ја отпеаја песната „Паметна и луди“.   

Коментари

Популарно