Пoчинa близок соработник на Кустурица

 Вчера почина Ивица Иван Максимовиќ (1962-2019), гитарист на „Но смокинг оркестар“ на Емир Кустурица и Неле Карајлиќ, тој боледувал  од тешка болест,  а  погребан е денес во родната Јагодина.

Тој има снимено стотици албуми во поранешна Југославија и беше омилен меѓу музичарите во регионот.

Тој исто така беше композитор, аранжер, текстописец и актер.

Тој свиреше во југословенскиот рок бенд „Метро“, поп-фолк бенд „Љуте папричице“ и од 2003 година во „Но смокинг оркестар“.

Активен е и во неколку поп и фолк-пејачки проекти, најмногу соработуваше со Весна Змијанац и Љубиша Стојановиќ Луис.

Тој свиреше гитара на саундтракот за  филмот „Животот е чудо“, „Завет“ (со групата на Стрибор Кустурица „The Poisoners“) и „Плави Циганин“.

Иван Максимовиќ ја играше и улогата на инспекторот Максимовиќ во филмот „Завет“.

Има настапувано и во панк-операта наречена „ Време Цигана“ од Емир Кустурица, која беше изведена многу пати во Париз.

Голем број на музички звезди од регионот се опростија од нивниот колега.

Коментари

Популарно