Дали Мурињо постапи правилно во овој случај

Еден од најдобрите  фудбалски тренери во  изминатата деценија Жозе Мурињо со сопругата Матилда Фарија има две деца, и заедно се во брак цели 30 години.

Мурињо деновиве додека го коментирал супер дербито од англиската Премиер лига меѓу Ливерпул и Манчестер Сити е виден без венчалниот прстен, кој 30 години не го вадел од раката.

Португалскиот стратег и минатиот месец е снимен без бурмата за време на прошетка во близина на домот. Но,неговиот портпарол за медиумите изјавил „дека е се во ред во бракот на Мурињо“ и дополнил дека прстенот Жозе едноставно заборавил да го стави на прстот.

Жозе својата сопруга Матилда која е голема хуманитарка ја запознал уште во тинајџерските денови и од тогаш се заедно.

Минатата недела Матилда со нивните две деца 19- годишниот Жозе Јуниор и ќерката Матилда  која го славела 23 роденден била во Њујорк.

Но, медиумите информираат дека Матилда и Жозе од февруари годинава не се снимени заедно .

Коментари

Популарно