ФОТО+ВИДЕО: Ким Кардашијан покажа со што ги скротува градите под раскошните фустани

Ким Кардашијан на Инстаграм покажа на кој начин „ги скротува“ градите, под атрактивните фустани кои ги носина црвениот тепих, аммногумина коментираа дека ги боли додека го гледаат ова видео.

Инстаграм и реалити ѕвездата покажа како функционираат нејзините нови траки за лепење на гради од колекцијата „СКИМС“.

Имено таа откри дека нејзиниот нов изум, потполно е безболен за пределот кај брадавиците, а ги држи градите и често е заслужен за нејзиното бујно деколте.

Лепливите ленти чинат 36 долари, а Ким претходно употребувала обична леплива лента која и ги уништувала градите икожата.

„Би сакала да потоеше „СКИМС“ лепливата лента, ќе ви покажам фотографии од кожата како изгледаше кога ќе ја извадев траката“ напишала Ким.

Коментари

Популарно