Видео: Филмот „Врба“ во интересна интерпретација

Според најавата во неделнава епизода на шоуто „Еден на Еден“ ќе гостуваат четворица актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски- Чоре.

Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет. Тоа најдобро се виде во специјалната рап точка која ја изведоа на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажаа дел од приказната на „Врба“.

Наталија Теодосиева, откри дека е поранешна балерина и изведе интересна балетска точка, а легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.

Коментари

Популарно