Видео: Филмот „Врба“ во интересна интерпретација

Според најавата во неделнава епизода на шоуто „Еден на Еден“ ќе гостуваат четворица актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски- Чоре.

Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет. Тоа најдобро се виде во специјалната рап точка која ја изведоа на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажаа дел од приказната на „Врба“.

Наталија Теодосиева, откри дека е поранешна балерина и изведе интересна балетска точка, а легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.

Клима или отворен прозорец?

Доколку одлучите да ја  користите климата во вашиот авотомобил, можете да ја зголемите потрошувачката на гориво за дури 10%, но отворањето на прозорците во некои услови може да биде уште понеекономично.

Тогаш, што е поекономично за подносливо летно возење со автомобил? Да се отворат прозорците или да се вклучи климатизација? Ова е прашање за кое размислувале многу возачи, а магичната граница е брзина од 72 km/h.

Под оваа брзина има смисла да се отворат прозорците додека возите за да се олади автомобилот. Над оваа брзина, ефектот на отпор на отворените прозорци започнува да ја свртува ситуацијата во прилог на вклучување на климата, односно потрошувачката со вклучен клима уред е помала.

Овој совет се заснова на резултатите од студијата на Друштвото на автомобилски инженери (ЅАЕ), која се занимавала токму со оваа тематика.

Постојат многу варијабли кои ова истражување не може да ги објасни како што се: колку прозорци се отворени, аеродинамиката на различни модели на автомобили, колку долго некој може да го користи својот клима уред (некои го користат само за кратко ладење) и можноста за употреба на вентилаторите без климатизација.

Сепак, брзината од 72 km/h е прилично добра граница. Ако користите клима уред, потрошувачката на гориво можете да ја зголемите за дури 10%, но отворањето на прозорците со поголема брзина може да ја зголеми потрошувачката на гориво за дури 20%.

Исто така, вреди да се земе предвид изложеноста на загаден воздух при градското возење. Во овие ситуации, веројатно е најдобро да се избегне отворањето прозорци. Сепак, знаејќи дека во топли услови може да биде многу непријатно, како решение можете да го вклучите клима уредот, но затворете ги надворешните отвори, така што ќе циркулира само воздухот од кабината и нема да се повлекува воздух однадвор, особено оној загадениот од издувните гасови од возилото пред вас.

Ау сине па ти се бо*еш

Вистинска бура од реакции на граѓаните кои се изреволтирани од новиот “проект” на Петре Шилегов, додека луѓето во услови на светска пандемија и економска криза одвај преживуваат ден за ден, градоначалникот на град Скопје отпатува назад во времето на диносаурусите и ги донесе во скопската зоолошка.

Дел од граѓаните му порачуваат да престане или барем да намали со конзумацијата на ракија, додека други велат дека ова е совршен симбол за неговото владеење, диво, примитивно, агресивно и неупотребливо.

Во коментарите на неговиот фејсбук пост може да се прочитаат секојдневни проблеми на скопјани, коишто во последната година од неговиот мандат Шилегов сеуште ги нема решено.

Во прилог погледнете дел од коментарите:

Изградбата на дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во Зоолошката во Скопје.

Како што најавија од Градот тогаш дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година.

Миа Калифа ПРОДАВА ПРЕДМЕТИ ОД ФИЛМОВИТЕ

 Миа Калифа позната како поранешната ѕвезда во филмови за возрасни неодамна донираше 100.000 американски долари на Либанскиот Црвен крст, а сега ги стави на аукција своите очила што ги носеше во филмовите, пишуваат странските медиуми.

-Ќе ги потпишам, ако сакате, пред да ги испратам кај новиот сопственик. Ќе направам нешто за мојата земја - напиша Калифа на социјалните мрежи

Таа сака да собере пари за да им помогне на жртвите од експлозијата што се случи во Бејрут пред нешто повеќе од седум дена.

Таа ги продава очилата по цена од 99.600 долари, а посочи дека ќе ги продаде и нејзините други предмети, како што се користен брич и сунѓер за бања. Сите собрани суми ќе бидат донирани на либанскиот Црвен крст.

Популарно