Видео: Вooружн маж влегол во училиште и почнал да пуka

Избегната трагдеија во средното економско училиште во Велика Плана. Храбрата реакција на еден професор од тоа училиште  ја спречило трагедијата ,професорот од тоа училиште го совладал  вооружениот маж кој упаднал на час со автоматска пушка и експлозивни направи.

Средовечен маж упадна со пушка и торба полна експлозивни направи во училница во економското училиште Вук Караџиќ во Велика Плана, но професорот, во обид да спречи пукање, се соочил со напаѓачот.

Во туркањето биле испукани два истрели, но никој не бил повреден, а напаѓачот бил совладан.

Полицијата го уапсила 46-годишниот Г.Т. од околината на Велика Плана поради сомнеж дека упаднал во училиштето и испукал два истрели во плафонот, соопшти српската полиција.

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека напаѓачот го совладал еден од професорите.

Српските медиуми јавуваат дека напаѓачот е лице со ментални тешкотии и дека сакал да предизвика заложничка криза во училиштето за, наводно, да му се обрати српскиот претседател или министерот за внатрешни работи.

Коментари

Популарно