Овие неколку знаци откриваат дали сте добри во кревет

Истражувањето во кое учествувале 10.000 луѓе покажало дека три четвртини од испитаниците себеси се сметаат за добри љубовници.

Ако не сте сигурни дали сте добри во сексот, како да го дознаете тоа? Можете да го прашате партнерот и да ризикувате да ви одговори потврдно, но всушност да не знаете дали навистина го мисли тоа или не сака да ве повреди. Овие неколку знаци ќе ви откријат во кој вид на љубовници спаѓате – добри или лоши.

Емпатија

Луѓето кои обрнуваат внимание на чувствата на другите надвор од спалната соба, најверојатно тоа ќе го прават и во спалната соба. „Мажот кој реагира на вашите ’упатства’“ побрзо, побавно, понежно, погрубо... тој е оној кој ќе ви даде оргазам за паметење. Секоја жена е поинаква. Нема ништо полошо од маж кој има став ’ќе ти покажам како се прави тоа’“, велат секс експертите.

Бакнување

Како што тоа едноставно го објаснуваат експертите, мажот кој се бакнува агресивно или несмасно, веројатно таков ќе биде и во кревет.

Спонтаност

Дефинитивно е добар знак кога некој е спонтан и сака да проба различни работи. „Тешко ќе бидете добри во сексот ако го правите само она што го знаете и ништо друго освен тоа“, вели терапевтот Пепер Шварц.

Самодоверба

„Самодовербата е многу секси, а личноста која зрачи со самодоверба, истата ќе ја “доведе“ и во кревет“, вели сексологот Џесика О`Рајли.

Кога малку ќе размислите за овие сигнали, има логика нели?

Коментари

Популарно