Шилегов со идеја Божиќ да се слави пред Нова Година

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во еден момент на вчерашната прес-конференција по повод новогодишното украсување на главниот град ја повика Македонската православна црква да го прославува Бижиќ според грегоријанскиот, а не според јулијанскиот календар.

Мотивот на Шилегов за овој предлог е тоа што минатата година новогодишната програма не била интересна за граѓаните по Нова Година, односно во периодот до 7 јануари кога се празнува Денот на Христовото раѓање.

- Минатата година работевме до Божиќ, ако се сеќавате, меѓутоа не беше веќе голем интересот на граѓаните. Некако како да се празни атмосферата околу новогодишните празници. Можеби правото прашање е зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет, рече скопскиот градоначалник.

Тој ова го изјави во врска со новогодишното украсување на Скопје, кое ќе биде „раскитено“ спроти големиот православен верски празник Божик.

Коментари

Популарно