Годинава купете Божикна ѕвезда за празниците

Голем број семејства за новогодишните и божиќните празници домот освен со китење на елката го украсуваат и со цвеќето Божиќна ѕвезда, кое цвета во периодот околу Божик и е симбол на празниците.

Името Божиќна ѕвезда ова цвеќе го добило, бидејќи листовите му се во облик на ѕвезда. Цвета за Божик, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата мудреци им го покажала патот до Исус.

Постојат и други легенди за Божиќната ѕвезда. Според една стара мексиканска легенда, првата Божиќна ѕвезда настанала од молитвите на девојчето Марија и нејзиното братче Пабло. Тие потекнувале од сиромашно семејство и немале пари да купат подарок за малиот Исус. На Бадник кога оделе кон црквата набрале полски билки наместо подарок. Кога ги ставиле билките околу колевката на Исус, нивните зелени листови станале сјајно црвени цветови.

Според друга легенда пак, убавината на ова цвеќе се должи на некоја астечка божица, на која поради несреќната љубов и се распарчило срцето. Од капките на нејзината крв израснал огнен цвет со црвена боја опкружен со зелени ливчиња.

Коментари

Популарно