ФОТО: Денес се светски ѕвезди, а едвај завршиле основно образование

Образованието не е секогаш предуслов за успех. Тоа го потврдуваат и многу познати личности кои не завршиле средно образование, а денес “пливаат“ во милиони и се светски познати.

Така актерката Џенифер Лоренс го напуштила средното училиште кога имала 14 години.

Хери Стајлс исто така се откажал од средното образование кога имал 16 години и тоа поради аудиција на „X Factor“, после што стана член на бендот „One direction“.

Жизел Бундшен, бразилската манекенка, го напуштила училиштето кога имала 14 години за да ја продолжи својата карира во моделството. И покрај тоа, Жизел зборува 5 јазици. Никол Кидман не завршила средно образование за да ја продолжи актерската кариера. Почнала да работи во театар, а на 16 години снимала филмови.

Ријана го напуштила училиштето на 16 години, се преселила во Америка кога имала 17 години, каде потпишала музички договор со дискографската куќа „Def Jam“. Роберт Дауни Џуниор никогаш не бил добар ученик. Татко му му поставил ултиматул секој ден да оди во училиште или да најде работа. Се откажал на 15 години.  

Кијан Ривс го напуштил училиштето на 17 години, бидејќи никогаш не се вклопил. Имал конфликти со наставниците и директорката.

Џони Деп имал 15 години кога се откажал од образованието. Сонот му бил да стане познат рок музичар. Џеј Зи се откажал од средното училиште за да работи. Се занимавал со продажба на наркотици, а дури потоа станал музичка ѕвезда.

Том Круз го напуштил средното училиште за да стане актер во Њујорк. Пред тоа, додека бил дете, сакал да биде свештеник.

Даниел Редклиф одлучил да се одмори од училиштето кога имал 17 години за да се посвети на својата актерска кариера. Не се вратил во училиште.

Ѕвезди кои не го завршиле средното образование се и Џон Траволта, Џим Кери, Аврил Лавин, Дру Баримор и Кејти Пери, пренесуваат американските медиуми.

Коментари

Популарно