ФОТО: Се појави во прекраток фустан и направи вистински БУМ

Кендал Џенер неодамна отпатува во Мајами, а папараци фотографите го следат секој нејзин чекор, па фотографиите од оваа дама во провокативни модни изданија завршија на страниците на жолтиот печат ширум светот.

Но, еден од највпечатливите моменти секако било појавувањето на младата менекенка во минијатурен „гол“ фустан со кој ги собрала сите симпатии на модните критичари, но и покажала дека има тело кое може се да изнесе.

Имено, Кендал во петокот вечерта се упатила на вечера во престижен ресторан Каприани, а за таа прилика облекла неверојатно кратка креација од брендот Давид Кома.

Овој фустан во кожа боја со дискретни сребрени реси и прерамки Кендал го искомбинирала со шик високи потпетици на дизајнерката Амина Муади, по чии чевли владее вистинска хистерија меѓу славните убавици.

Поради специфичната нијанса на овој модел на моменти изгледало како атрактивната црнка да не носи ништо, но сепак не отишла толку далеку.

Коментари

Популарно