ФОТО: Таа слабее и се дебелее, но секси бикинито не го менува

Пејачката Бритни Спирс, некогаш јајголема тинејџерска ѕвезда, го прослави 38. роденден.

Бритни Спирс роденденот го поминала во Мајами во хотел. Друштво ѝ правел 13. години помладото момче Сам Асгхари. Пејачката веќе некое време се обидува да ја врати старата килажа.

Она што е интересно е дека годините поминуваат, а Бритни го носи истиот костим за капење. Имено, бикините кои ги понела на Мајами ги носела и во 2009 година, па во 2015 и повторно сега за роденденот. Можеби килограмите одат горе-доле, но костимот за капење останува ист.

Коментари

Популарно