Чулев барал да се одземе и возило кое е на располагање на шефот на државата

Претседателот Пендровски не го знае мотивот поради кои техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев бара да се одземе и возилото кое го има на располагање шефот на државата.

Дека едно од триесеттината возила кои ги бара Чулев, го користи Пендаровски, потврдиле од кабинетот на претседателот, пренесе А1он, со образложение дека не знаат кој е мотивот позади ова барање на кое стои потписот на Чулев.

„Информирани сме дека постои интерен допис во рамките на МВР, преку кој се бара враќање на едно возило кое го користи Претседателот. Не знаеме кој е мотивот за ваквиот допис, но напоменуваме дека безбедноста на претседателот е законска обврска на МВР“, велат од кабинетот на Пендаровски за „А1он“.

Како што јавноста дозна вчера, Чулев преку телеграма побарал од службите на МВР да ги одземат возилата дадени на користење на обезбедувањето на премиерот Оливер Спасовски и заменик-министерката на МВР, Славјанка Петровска. 

Коментари

Популарно