Според неофицијални извори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство на партијата се блиску до „соработка“ со екс премиерот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.
Неколку македонски медиуми ја пренесоа информацијата дека вмровците се екипираат, а дека Љубчо после долги години ќе даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог на тоа оди и поддршката која првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја даде за Христијан Мицкоски по неговото назначување за претседател.
Истовремено, Мицкоски во неколку наврати во минатото изјавуваше дека е можно и Георгиевски да им се приклучи во борбата против СДСМ, нагласувајќи дека тој често пие кафе со господинот Георгиевски.
Дали и што од ова е точна, останува да покаже периодот кој ни претстои до 12 април.