Љубчо Георгиевски се враќа во ВМРО-ДПМНЕ!!

Според неофицијални извори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и актуелното раководство на партијата  се  блиску  до „соработка“ со екс премиерот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски.

Неколку македонски медиуми ја пренесоа информацијата дека вмровците се екипираат, а дека Љубчо после долги години ќе даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.

Во прилог на тоа оди и поддршката која првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ја даде за Христијан Мицкоски по неговото назначување за претседател.

Истовремено, Мицкоски во неколку наврати во минатото изјавуваше дека е можно и Георгиевски да им се приклучи во борбата против СДСМ, нагласувајќи дека тој често пие кафе со господинот Георгиевски.

Дали и што од ова е точна, останува да покаже периодот кој ни претстои до 12 април.

(Фото) Татко и ја обучувал и нејзе како да ракува со оружје

И сестрата на Коста Кецмановиќ заедно со него и татко ѝ, Владимир, го посетувала стрелиштето, пренесува српскиот медиум „Република.рс“.

Порталот повикувајќи се на извори од стрелиштето, објави фотографии на кои се гледа девојчето (сестрата на Коста кој го изврши масакрот во соседна Србија) со пиштол во рака. Според нивните информации Владимит Кецмановиќ и неа, како и синот кој го изврши масакрот во Белград, ја обучувал како да ракува со огнено оружје.

Пиштолот со кој пука сестрата на Коста е италијанска Берета М9, полуавтоматски пиштол со краток одврат што го користат вооружените сили на Соединетите држави. Американската војска го користела овој пиштол во инвазијата на Панама, војната во Персискиот Залив, Граѓанската војна во Сомалија, војната во Авганистан и војната во Ирак.

Полицијата фати дете со марихуана

На 08.12.2023 во 23.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје.

Лишен е од слобода затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

(Видео) Срамота е да нема никој на собирот за поддршка на мајката на Вања, вели една од десетината собрани граѓани

Срамота е да нема никој на најавениот протест за поддршка на мајката на Вања, вели Нермина Кочан која беше меѓу неколкуте луѓе кои се собраа на денешниот најавен собир.

„Македонијо засрами се. Тројца луѓе се собравме иако беше најавуван собирот за смртна казна и поддршка на мајката на Вања”, вели Кочан.

Инаку најавениот марш поминува со повеќе полиција отколку граѓани, чија бројка е помалку од десет.

Извор: а1on.mk

Популарно