Фото: Сите зборуваат за нејзиното деkолте

Холивудската актерка Скарлет Јохансон направи вистински„хаос“  со тоа што се појави на црвениот тепих на доделувањето наградите Screen Actors Guild  во фустан кој ги остави сите без здив кога ја видоа.

Поточно, 35-годишната Скарлет блескаше одејќи рака под рака со свршеникот Colinom Jostom  додека со гордост го покажа длабоко деколте во смарагдно зелен фустан што не и дозволуваше да носи градник под него. На задниот дел, таа „даде“ поглед на голиот грб и огромната тетоважа , како и дел од стомакот и градите, што не ги покажува толку често.

Инаку, русокосата убавица е позната како голем љубител на тетовирање и украсување на нејзиното тело со мастило, а интересните тетоважа ја скокоткаат имагинацијата на многу фанови.

Патем,  Скарлет деновиве испишува историја, со тоа што е првата актерка што беше номинирана за најдобра  главна женска актерка и најдобра споредна женска улога во историјата на филмските награди „Оскар“ .

Интересен факт е дека таа  се најде на врвот на списокот „Форбс“ на најплатени актерки во 2019 година, со што го повтори успехот од 2018 година. 

Коментари

Популарно