ФОТО: Има 27. години, а сега е во врска со 41-годишниот музичар

27-годишната актерка и модел Шантел Џефриз позната е и како поранешна девојка на Џастин Бибер и копија на старлетата Ким Кардашијан.

Оваа убавица е позната по бурниот љубовен живот во кој не крие каков статус сака кај мажите.  „Не ме интересираат мажи без статус“, порачала јасно и гласно во една прилика.

Во 2011 година го завела и синот на познатиот рапер Пи Диди, Џастин Комб, а врската траела нешто помалку од една година. Во 2012 година се гледала со раперот Лил Твист, но и со играчот на американски фудбал Ди Шон Џексон, со кој раскинала во 2013 година.

Успеала да го „улови“ и раперот Тревис Скот, кој е познат како татко на детето на најмладата милијардерка на светот Кајли Џенер.

На листата на нејзини поранешни се наоѓа и кошаркарот Џордан Кларксон, кој едно време го поврзувале со Кајли Џенер.

Сега, Шантел се одмора на познатото мексиканско летувалиште Тулум во друштво на познатиот музичар, 41-годишниот Дипл, со кој ги врзувало долгогодишно блиско пријателство кое очигледно прераснало во љубов.

Коментари

Популарно