ФОТО: Тинејџерка не ја шишала 11. години, го соборила и сопствениот рекорд

Индијката Ниланши Пател ја има титулата за ттинејџерка со надјолга коса на светот, а оваа година го соборила и сопствениот рекорд кој изнесува 190 сантиметри.

Девојката од Модасе во индиската држава Гујарат добила во 2019 година сертификат од Гинисовата книга на рекорди, а сега го подобрила својот резултат.

Пријателите и школеските колеги ја нарекуваат Златокоса по прицезата со голга коса од бајките на браќата Грим. Ниланши Пател 11 години не била на фризер, а тоа по испуканите краеви на нејзината коса и тоа како е видливо.

-Кога имав 6 години доживеав многу лошо искуство во локалниот фризерски салон. Оттогаш не сакам да се шишам. Моите родители го почитуваат мојот избор и сега косата ми носи среќа - вели таа.

За да може да се движи и притоа да не се сопнува на сопствената коса таа мора да носи високи потпетици.

Коментари

Популарно