Хеликоптерот на Коби пропаднал 100 метри за само шест секунди!

Очевидци откриваат дека моторот на хеликоптерот испуштал чудни звуци, по што загубил висина од 100 метри за само шест секунди и потоа при допир со земјата експлодирал.

Официјалната истрага во моментов уште е во тек, додека „Лос Анџелес Тајмс“ објави дека имало и густа магла на местото на несреќата.

Според податоците од „флајтрадар24.ком“ несреќата се случила во момент кога хеликоптерот патувал со брзина од 200 км/ч. Тој загубил 100 метри за само шест секунди, а целиот лет траел 13 минути пред да се урне.

Коментари

Популарно