ВИДЕО: Хеликоптерот на Коби, датира од годината кога Џордан ги победи Лејкерс

Моделот Сикорски С-76Б со кој летале Коби, неговата 13-годишна ќерка Џана и уште 7 други лица, кој падна во Калабалас во Калифорнија, несреќа при која нема преживеани, е произведен 1991-та година.

Ова го објавија летечките власти, Федералната Авио Администрација на САД. Според регистрацијата, хеликоптерот е на име на Експрес Холдинг Корпорација, фирма од каде се уште не одговараат на телефонските повици, јавува CNN.

Компанијата производител, веднаш упати сочувство до фамилијата Брајант. Овој модел важи за еден од најсигурните во светот на хеликоптерите, пишуваат американските медиуми.

Судбината сакаше годината во која идолот на Коби, Мајкл Џордан ја освои својата прва титула победувајќи во финалето против Лејкерс на Меџик Џонсон, притоа изведувајќи го спектакуларното летачко положување со размена на топката во двете дланки, да биде истата во која е произведен овој хеликоптер…

Коментари

Популарно