Се огласија од тимот на „Медена земја“ : „Благодарам што не бодревте и верувавте во нас“

Македонскиот филм „Медена земја“ не успеа да се закити со ниту еден оскар иако беше номиниран во две категории – за Најдобар документарен филм и за Најдобар интернационален филм иако се работи за документарец, а со тоа направи и историски успех, затоа што е првиот филм било кога којшто е номиниран заедно во овие две категории.

Цела Македонија ги бидреше изминатата ноќ, и е горда на нивниот историски успех, а сега преку социјалните мрежи се огласија и од тимот на Медена земја. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост во продолжение:

„Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас.

Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни.

На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака.“

Коментари

Популарно