РК Вардар остана без Летонскиот џин

Ракометарот Данис Криштопанс, повеќе не е дел од  екипата на Р.К Вардар.

Криштопанс се сели во германскиот Фуксе Берлин, а информацијата ја потврдија и од клубот.

215 сантиметри високиот десен бек во Фуксе Берлин ќе се задржи до крајот на сезоната, затоа што од претходно се знаеше дека во следната сезона ќе настапува за ПСЖ, кај поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез.

Криштопанс ќе дебитира веќе во недела на натпреварот против Магдебург на Филип Кузмановски.

Нов клуб од неодамна најде и Шишкарев, а Германецот Дисингер рече дека само чудо може да го задржи наредната сезона во вардаровите редови

Коментари

Популарно