Енрике Иглесијас и тенисерката Ана Курникова неодамна добија ќерка, а сега познатиот пејач објави прва фотографија со неа на Инстаграм.
Пејачот покажа како ја држи својата ќерка во раце веднаш по раѓањето. „Мојот зрак сонце“, напишал тој, а честитките веднаш почнале да стигаат од сите страни.