ВИДЕО: Грозно издание на заводникот - од мускулите и косата не останало ништо

Глумецот Џејсон Момоа (40), по кого воздивнуваа сите женио во светот, препознатлив е по својата долга коса, висина и мускулесто тело исетовирано.

Личи како Кал Дрого во “Игри на престолот“ и Аквамен каде што во истоимениот филм ја воодушевуваше публиката со својата појава, но сега со појоваување во реклама која се прикажувала за време на Супербоул целосно разочарал.

Имено, основната порака на рекламата е дека најважно е да се биде во својот дом, а Момоа покажува како влегува во својата вила додека го следат папараци.

Откако влегол дома, глумецот ги соблекол чизмите станал понизок, сугерирајќи дека чизните допринесуваат за неговата висина. Додека оди низ куќата, за да дојде до каучот, ’ги соблекува своите мускули’ од рацете, потоа стомачните мускули и станува многу слаб. На крај останува и без коса.

Во последниот кадар прикажан е со својата жена глумица Лиза Бонет, која му помага на бенчот да ја крене шипката но без тегови.

Иако многу фанови се разочарани со улогата на Џејсон во рекламата, ова е секако добар маркетиншки трик, бидејќи 100 милиони луѓе годишно следат Супербоул.

Коментари

Популарно